ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести за „спас на македонската иднина“

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовни протести од 12.30 до 14 часот, за „спас на македонската иднина и идината на македонскито народ“.

„Ве повикуваме масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ. Да порачаме заедно оставка на Заев, слобода на народот.Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава“, се вели во повикот.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. „Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста. Денес да излеземе заедно и да кажеме доста е на Зоран Заев. Доста ја распродава нашата историја, време е Заев да стане историја.
Денес е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top