„Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистичка операција. Законот за попис и пописот кој Заев ги турка на сила се спротивни на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.
„Ова само гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. Заев да одговори дали дилот за пописот, резултатите, бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај?За ова ќе следи одговорност“, се вели во соопштението.