ВМРО-ДПМНЕ: По седум години повторно обезбедени учебници по странски јазици, над 70 милиони евра инвестирани во образованието

ВМРО-ДПМНЕ: По седум години повторно обезбедени учебници по странски јазици, над 70 милиони евра инвестирани во образованието

пред 6 часа

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со нивното доаѓање на власт образованието повторно станало еден од државните приоритети, посочувајќи дека е обезбеден редовен наставен процес, учебници за учениците, повисоки плати за наставниот кадар и инвестиции во образовната инфраструктура.

Според партијата, втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на првиот училиштен ден, а за првпат по седум години повторно се обезбедени учебници по странски јазици. Во соопштението се наведува и дека над еден милион примероци учебници се доставени до училиштата, при што во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари преку нивна набавка по пониски цени.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека со потпишаната спогодба со СОНК е обезбедено гарантирано зголемување на платите во образованието во следните четири години, во зависност од инфлацијата, од 40 до 60 проценти, а во првите две години платите на вработените се зголемиле за повеќе од 20 проценти.

Во соопштението се посочува дека над 160 училишта се опремени со современа ИТ-опрема, воведени се нов електронски дневник и електронски свидетелства, а над 1.000 наставници биле обучени за етичка примена на вештачката интелигенција.

Партијата наведува и дека во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во изградба, реконструкција и проширување на училишта и спортски сали, како и дека е зголемен бројот на образовни асистенти во основното и средното образование.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: По седум години повторно обезбедени учебници по странски јазици, над 70 милиони евра инвестирани во образованието е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top