Прва мерка на Ковачевски е покачена струја и парно за граѓанитe, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, која оцени дека македонската економија е стабилна и подготвена да се справи со предизвиците.
„Ковачевски ја покачи струјата за 15%, со тоа граѓаните кои плаќале сметка од 3.000 денари, од месецов ќе плаќаат 450 денари повеќе. Втора мерка на Ковачевски е покачената цена на парното. Само за два месеца владата потроши 86 милиони евра за купување на скапа струја.
Власта не копаше јаглен во екот на летото, и се остави без јаглен во сред грејна сезона. Тоа е причината да немаме доволно струја и да се потрошат 86 милиони за купување на скапа струја за само два месеци“, се нагласува во партиската реакција во која се додава дека на Македонија со СДСМ и се случува целосно енергетско фијаско.