ВМРО-ДПМНЕ: Предлагаме да се укине техничката Влада за пиунот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори

пред 2 години

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да се укине техничката влада за да Ковачевски се охрабрел и да излезел на избори.

„ Предлагаме да се укине техничката влада за пиунот Ковачевски да се охрабри и да излезе на избори, со се Спасовски кој ќе му го држи стравот. ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ ќе се обиде да врши поткуп, како што правеше и за време на локалните избори, знаеме и дека ќе ја злоупотребат и МВР, како што видовме дека правеле со пробиената вибер комуникација, но разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна.

Не може Спасовски толку да поткупи, уцени и заплаши, колку што е голема предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Народот бара промени, и тоа е бран кој СДСМ не може да го запре. Барањето промени секој ден ќе биде се помасовно“ велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека им одговараат избори во било кое време, но дека на државата и се потребни веднаш.

„ Македонија заради СДСМ е западната во 4 кризи од кои не може да излезе со истава гарнитура на луѓе кои ја внесоа државата во таа ситуација“ порачаа од опозициската партија.

Share
Scroll to Top