ВМРО-ДПМНЕ реагира: Доколку СДС има докази за вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до Обвинителство, во спротивно ќе добие тужба

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Доколку СДС има докази за вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до Обвинителство, во спротивно ќе добие тужба

пред 3 часа

„СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашата. Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност.

Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?

СДС мора да разбере дека ако они крадеа, ние не крадеме. Ако тие даваа пасоши на криминалци, ние не даваме. Ако тие договараа тендери во 4 очи и добиваа автомобили за истото, ние не правиме така. СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ реагира: Доколку СДС има докази за вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до Обвинителство, во спротивно ќе добие тужба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top