ВМРО-ДПМНЕ: Речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026 година

ВМРО-ДПМНЕ: Речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026 година

пред 6 часа

Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра за мерки за вработување кои треба да опфатат повеќе од 10.000 граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а биле отворени и близу 2.200 нови бизниси. Средствата за планот биле зголемени за 7,5 милиони евра во споредба со претходната година.

За 2026 година, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од 32 милиони евра ќе бидат насочени директно кон мерки за отворање нови работни места и поттикнување на економскиот развој.

Со новиот Оперативен план се предвидува речиси 6.000 млади лица да бидат вклучени во активните мерки за вработување, додека дополнителна поддршка ќе биде обезбедена преку младински додаток, практикантства и обуки за стекнување нови вештини.

Од партијата посочуваат и дека за околу 3.500 млади лица до 23 години е предвиден младински додаток од 3.000 денари, како дел од мерките за самовработување и поддршка за отворање нови работни места.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top