ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денеска се фалеше со ТИРЗ, со тоа оддаде признание на нашиот економскиот модел

пред 3 години

Денес, Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ оддаде официјално признание на економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ, регаираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Марија Костадинова од СДСМ.

Да ја потсетиме јавноста дека Технолошко индустриски зони беа креирани од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални, потсетуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес СДСМ без срам ја поздрави инвестицијата на канадската компанија Магна. Со каков образ СДСМ – партијата која ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија, денес поздравува нова инвестиција во ТИРЗ – проектот на ВМРО?“, прашуваат од оваа партија.

Додаваат дека во вториот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.

„Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, се фабриките со кои ВМРО се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија. Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%“, потенцираат од партијата.

Share
Scroll to Top