ВМРО-ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите,  ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ВМРО-ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

пред 2 часа

На ВМРО-ДПМНЕ му е сосема јасно дека СДС мора да шири лаги и манипулации, врз основа на тоа постојат, но заради транспарентност и отчетност на граѓаните, и со оглед на тоа дека СДС се уште е најголема опозиција во Македонија мораме да ги разобличиме лагите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Прво, не ВМРО-ДПМНЕ, туку ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови. Второ, убедливо најниски цени во регионот и Европа за горива, има Македонија. Трето, во времето на СДС и ДУИ, цените за горивата беа над 110 денари и воедно беа и едни од највисоките во регионот и пошироко. Четврто, платите во тоа време се зголемуваа за 5%, додека инфлацијата беше 14%. Денес, платите се зголемуваат за околу 10-15% годишно во сите сфери од јавниот сектор, додека инфлацијата е околу 3%. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во однос на економијата е огромна. ВМРО-ДПМНЕ го штити стандардот на граѓаните, ги зголемува платите и го полни Буџетот, а СДС ги краде и граѓаните и Буџетот“, пишува во реакцијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top