ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното на градоначалниците во првите 100 дена, СДСМ реагира дека се неспособни

пред 2 години

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слоганот под кој ќе се одржи настанот е „Промени што носат иднина – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“.

На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.

Свое обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а ќе се одржат и три одделни панел дискусии на теми: Што наследија општините, Европските практики во локалните самоуправи и Младите и нивната перспектива во општините.

Покрај овој настан, како што најавија од партијата, во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.

СДСМ: Ако по денот се познава утрото, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катастрофа

СДСМ реагира дека 100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, а тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно“, велат од СДСМ.

Оттука додаваат дека ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики.

Според СДСМ, градоначалниците наследиле функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо.

Share
Scroll to Top