ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска нема учебници, нема свидетелства, нема план за одржување на настава

пред 3 години

Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Царовска, како што реагираат од таму, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн.

„На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема“, пишува во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

На десетина дена пред почеток на учебната година Царовска, како што оценуваат од партијата на Мицкоски, потфрлила и со свидетелствата коишто како што велат, уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент.

Share
Scroll to Top