Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина, Вања можела да биде спасена, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција извади доказ од кој јасно се гледа дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на убиениот Панче е исчезнато и ме распишале централна објава по него.
Доколку МВР на Спасовски распишеше централна објава по возилото на Панче, и неговите убијци ќе биле фатени уште на 24-ти ноември кога влегло во Скопје или на 25-ти кога повторно е лоцирано на камерите на „Безбеден град“.
МВР на Спасовски имало 3 дена кога возилото на Панче било возено низ Скопје да ги фати убијците на Панче, со што до убиството на Вања немало да дојде.
Наместо празни изјави и правдање Спасовски да понесе одговорност, а со него и СДС зошто го уништија системот, работа од која сега ги гледаме жртвите“, се вели во соопштението.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина, Вања можела да биде спасена е превземен од МАКФАКС.