ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е двајца градоначалници и премиер да се појават на реконструкција на улица од 2 километри

пред 4 години

Срамота е што двајца градоначалници и премиер се појавија увид на градежни активности на секундарна улица од два километри која ја градат и се уште не е завршена цели 2 години, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и премиерот, Зоран Заев, денеска извршија увид на градежните работи на улицата „Орце Николов“.

Според опозициската партија, уште поголема срамота е што улицата не е во надлежност ниту на Шилегов ниту на Заев, но, како што велат од таму, двајцата се појавиле да се сликаат со градоначалникот Богдановиќ.

„Додека го правеа изборниот популизам Шилегов не кажа ниту збор за тоа што компанијата на зетот на неговиот секретар на градот добила 4 милиони евра државни тендери, тоа што градот Скопје плаќа двојно поскапа противпожарна скала од таа во Загреб и тоа што државните субвенции за инвертер клими постои основано сомнение за проневера на пари и делење по партиски клуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму нагласуваат и дека Шилегов ветувал подземни булевари, двојни кружни текови, тунел под Кале, а денес, велат, се фали со работа на општина Центар за улица од 2 километри.

„1.500 улици во Скопје, а тие се фалат со 2 километри тазе асфалт, дно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top