„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант.
Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство.
„Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е.
Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.
И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче-нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал е превземен од МАКФАКС.