Активната блокада е барање на граѓаните, СДСМ создаде криза, сиромаштија, а зад завеса прави и криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат деак до 100 отсто се зголемени цените на основните продукти, за 70 отсто се зголемени цените на горивата, за 30 отсто е зголемена цената на струјата, за 15 отсто е зголемена цената на парното греење, а според нив, тоа е во поголем дел вина на СДСМ и лошото управување со државата заради криминал.
„СДСМ и ДУИ ги предизвикаа сите кризи, и тие се единствено одговорни за националната катастрофа која ја живееме. СДСМ сака да остане на власт за да продолжи да краде и да ги злоупотребува средствата од буџетот. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро. Зошто ако остане СДСМ на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции нема да има, сиромаштијата ќе расте, а криминалот ќе царува. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.