ВМРО-ДПМНЕ: Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата

пред 3 години

Во врска со трагедијата во Тетово, од ВМРО-ДПМНЕ забележуваат дека точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев, како што велат од оваа партија, го нема во јавноста со одговори за несреќата.

„Два дена Заев молчи и бега да поднесе оставка за да ја ослободи истрагата од влијание кое ќе попречи на нејзината објективност и неутралност. Оставката на Филипче не е доволна и истрагата ќе успее само Заев ако си поднесе оставка. Досегашното криење на Заев ни дава причини да веруваме дека се одвива процес за заташкување на доказите и прикривање на одговорноста“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бараат оставки, за како што посочуваат, објективна истрага и одговорност.

Share
Scroll to Top