ВМРО-ДПМНЕ: Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

пред 4 часа

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови. Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историја и култура. Виктор Стојанов е човек кој јавно промовира тези дека Македонците и Бугарите се еден народ, директно навредувајќи го достоинството на македонскиот народ и удирајќи по темелите на македонската државност“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија и единствен кој бара внесување на бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е послндниот чекор за влез во ЕУ.

„Единствено Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев и покрај тоа што Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија. Ваквите политики на сервилност и потчинување на Филипче и СДС се штетни за државата, граѓаните нема да дозволат политики на понижување, самонегирање и национално распродавање. Државните и национални политики мора да бидат над политичките калкулации на СДС, на Филипче и нивното криминално наследство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top