ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговара – нема доволно вакцини, а пратеници шират корона

пред 4 години

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„Масовната вакцинација на населението во Македонија е само во изјавите и главата на Венко Филипче.

За каква масовна имунизација зборува Филипче кога вчера пристигнаа 10 илјади дози вакцини, а пријавени се повеќе од 160 илјади граѓани за вакцинација? Но, пиар-от и сликањето со вакцините не изостана. За Филипче е важен пиар-от, а не колку вакцини има.

И не само што не набавува доволна количина на вакцини, Филипче дозволува да се кршат протоколите за лицата заразени од корона.

Па така граѓаните ги затвора дома, ама кога станува збор за избрани функционери во конкретниов случај пратениците им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот.

И не само тоа! Филипче не ни изреагира, да каже барем дека се прекршени протоколите, па тоа се протоколи од надлежните власти со кои тој менаџира!

Ова покажува само едно дека личните и партиските интереси се над се!

За ова Филипче ќе одговара!“

Share
Scroll to Top