ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ информира дека преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.

Новото градско мнозинство, соопштија од партијата, ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

Со ова, како што велат, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје.

„Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top