ВМРО-ДПМНЕ формира работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалниците

пред 2 години

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е формирано работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на проектите ветени пред граѓаните кои добија апсолутна поддршка на последните избори.

„ Во програмите “Гарантираме” се опфатени точно 14 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела“ соопшти партијата.

Како што се наведува, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред градоначалниците соопштил дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски, додаваат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од првичното започнување на крупни капитални проекти од градоначалниците, и како што соопшти партијата, потенцирал дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

Share
Scroll to Top