Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шилегов и СДСМ го оставиле „ЈП Паркови и зеленило“ во долгови, и дека со состојбата во која е сега претпријатието, нема доволно пари ниту за плати.
„По промената на директорот на Шилегов во „ЈП Паркови и зеленило“ е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус. Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на „ЈП Паркови и зеленило“ се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати“, обвинуваат од опозициската партија.
Според нив, состојбата во „ЈП Паркови и зеленило“ е одржувана вештачки. Иста таква состојба, како што додаваат, е затекната и во другите јавни претпријатија.
„Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.