Додека скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии, Шилегов си пишува статуси од плажа во Хрватска, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата предупредуваат дека во моментот главниот град на државата нема водство.
„Шилегов итно да го прекине одморот во Хрватска и да понесе одговорност што скопјани ги остави на цедило. Лажни се неговите статуси со фалбите за наводната работа, додека пет пари не дава за Скопје на плажите во Ровињ, Хрватска. Градот Скопје е потенцијално жариште на големи потенцијални огнени стихии, а Шилегов е на скап одмор, тоа е потценување на скопјани“, се наведува во партиската реакција во која се додава и дека градот во моментот е без Кризен штаб што треба да ги превенира и менаџира заканите од пожар.