ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши половина милијарда евра за 4 години, а не направи ниту еден капитален проект

пред 3 години

Шилегов потроши 4 години мандат и ништо не направи од тоа што го ветуваше, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека Шилегов пред крајот на мандатот потпишува меморандуми, дава како што велат рециклирани ветувања и повторно говори дека нешто ќе направи.

„Вистината е дека Шилегов ќе остане запомнат како најнеспособниот, најарогантниот и најнедомаќинскиот градоначалник кој го имало Скопје, кој ветувал брда и долини, а зад себе има огромна НУЛА. За волја на вистината набави едно противпожарно возило со скала кое чини двојно поскапо од идентично возило набавено од градот Загреб, поставува клупи кои чинат неверојатни 500 евра по парче и успеал да го зголеми долгот на Градот Скопје за 8,5 пати“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочуваат дека тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат, а патем потрошил 4 годишни буџети кои заедно чинат скоро половина милијарда евра.

Share
Scroll to Top