ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена фалби од страна на СДСM = 100 дена лаги за инфраструктурата

пред 3 години

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот ментор Зоран Заев продолжуваат со лагите до граѓаните, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Еве, како што велат, предизборно што излажале СДСМ:

„ АВТОПАТИ
Скопје – Блаце
Првиот дел од 2км веќе четврта година не успеваат ни да го започнат со градежни активности а да не зборуваме за завршување. Косово во исто време го заврши автопатот кон Приштина.
Гостивар – Кичево
Иако е започнат автопатот да се проектира во 2016та година еве веќе четврта година не успеваат да го допроектираат а да не спомнуваме за изградба.
Кичево – Охрид.
Единствено што остварија е потпишување на анекси за нови заеми и многу слаба реализација на истиот. Иако во претходниве 100 дена времето за градежни работи беше идеално ние веќе четврта година не можеме да видиме сериозен прогрес во изградбата на автопатот..
Прилеп – Битола
Ветен автопат но за сега ниту нема ни најави за негов почеток, веќе 4 година, ниту проектирање ниту ништо.
Градско –Прилеп,
За овој експресен пат и покрај сите ветувања од актуелната власт останаа само празни ветувања. 100 дена од владеење на СДСМ немаше никакви градежни активности на терен.
Свлечишта
Во изборната програма МОЖЕМЕ најавија дека во текот на 2020 година ќе бидат санирани свлечишта низ повеќе делниците во Македонија.

Лажни биле ветувањата на СДСМ во изминативе 2 изборни циклуси за наводни развојни проекти во железниците:
1. Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА,
2. Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА,
3. Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга
Скопје – Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА,
4. Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА,
5. Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ГИ УСПОРИА
6. Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА
ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА,
7. Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И
ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА,
8. Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Република Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА,
9. Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА
10. Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ
11. Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ.
12. Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top