ВМРО-НП: Подобро три изборни единици отколку шест

пред 2 години

ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата за отворање на дискусија околу промената на изборниот модел во една изборна единица, но стравува дека целата иницијатива набрзо ќе пропадне.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага, да се побара компромис во предлогот на ДУИ и БЕСА за изборен модел кој опфаќа три изборни единици без долен праг.

Според партијата на Љубчо Георгиевски, и ваквата промена е сепак подобра од моменталниот изборен модел и дава поголеми шанси на малите политички партии.

Share
Scroll to Top