ВМРО-НП предлага Македонија да ги увезе сите вакцини против Ковид-19

пред 3 години

ВМРО-Народна партија смета дека Владата треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини против Ковид-19 од страна на Светската здравствена организација (СЗО), а граѓаните да бидат тие кои ќе одберат каква вакцина сакаат да примат.

„Со увозот на сите регистрирани вакцини ќе се скрати времето на чекање, можноста за закрчување на здравствените институции, а ќе се овозможи и полесно регулирање на целиот процес на вакцинирање“, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-Народна партија смета дека здравјето не е прашање на политика и затоа треба да се постапи според интересот на граѓаните.

Share
Scroll to Top