Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење. Примероците се земени според соодветната македонска стандардизирана метода, а за сите е извршена физичко-хемиска и микробиолошка анализа во акредитирани лаборатории.
Според добиените резултати, сите 42 примероци од водоснабдителниот систем на Скопје одговараат на пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Текстот Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење е превземен од МАКФАКС.





