Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот

пред 2 години

При работа на канал, екипите на ЈП Комуна Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа.

Од тука информираа дека водата ќе биде во краток прекин, а без вода ќе биде поголемиот дел од градот Крушево.

„Го разбираме револтот кај граѓаните и тие се во право. Дефектите се премногу, а тоа се должи на застареноста на водоводната мрежа. Тоа претставува голем проблем и за нас затоа што преголем дел од нашите ресурси, луѓе, механизација и финансии, се трошат на дефекти.“,велат од претпријатието.

 

Текстот Водоводната мрежа е застарена, го разбираме револтот, велат од ЈП Комуна-Крушево за дефектите и честото снемување вода во градот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top