Воено медицински персонал ќе се распореди во ковид – центрите на Клинички

пред 4 години

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на интерните клиники во Скопје каде има неколку ковид оддели, соопшти Министерството за здравство.

„Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пациенти во ковид одделенијата“, се наведува во соопштението.

По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид – центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, Норвешка донира 10.000 брзи тестови, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и пет амбулантни возила.

Share
Scroll to Top