Возило излета на патот Штип – Аргулица, двајца повредени

пред 3 години

Вчера во 13:45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Аргулица, атар на селото Таринци, патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(32) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.Ш.(34) од Штип се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top