Вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела

Вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела

пред 1 година

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ „Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор, кој со храна снабдува неколку кујни на основни училишта во Општина Карпош, поради пријави на случаи со стомачни тегоби и лабораториски потврди на салмонела, извести АХВ.

Вчера, спроведен е вонреден надзор во кујните на основните училишта „Владо Тасевски“ и „Димо Хаџи Димов”, а денес со вонредниот надзор, опфатени ќе бидат училиштата „Јан Амос Коменски” и „Војдан Чернодрински”.

– Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта каде нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. По завршување на вонредниот надзор и по добивање на резултатите од лабораториските тестирања, јавноста ќе биде известена за резултатите и причинителот, вели Николче Бабовски, директор на АХВ.

Текстот Вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top