Во бегство 26-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Во бегство 26-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

пред 5 месеци

Поради основано сомнение за кривично дело убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен жител на Арачиново.

Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на оваа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете ѝ пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во неговата непосредна близина.

Со оглед на тоа што осомничениот од извршување на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, која доколку биде определена, ќе почне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Воедно, како што соопштија надлежните, до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице.

Текстот Во бегство 26-годишникот осомничен за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top