Во болниците низ земјата се лекуваат 798 ковид-пациенти

пред 4 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 438 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 55, во ковид-центарот во Гостивар 12, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 44 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 12, Кавадарци 22, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на министерството во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Share
Scroll to Top