67-годишeн скопјанец бил приведен откако при претрес на неговото возило полицијата пронашлa тројца Кубанци кои илегално влегле во државата.
Според МВР, вчера во 19.30 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје.
При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата.
Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.