Во утринските часови на 15 маја, во атарот на селото Лактиње, општина Дебрца, полициски службеници извршиле контрола, при што ги затекнале четири лица од Демир Хисар, како на товарно возило „мерцедес“, вршат утовар на огревно дрво без, соодветна документација.
На местото бил затекнат и шумочуварот К.Д. (53) од Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата.
Исто така, при преглед на теренот била пронајдена и поголема количина исечено огревно дрво.
Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување биле одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.