Во ЕУ не се оди како ничија земја, како дрво без корен, порача Пендаровски

пред 3 години

За Европа не се битни само судските и бирократски реформи, туку и нашиот културен влог. Во ЕУ членуваат земји со уникатен социо-културен развој, таму не се оди како ничија земја, како дрво без корен, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска во годишното обраќање во Парламентот.

„ Ние имаме светски референтни дела на тој план и не смееме да бидеме исклучок од тоа правило, заради себе, не заради нив. Затоа е потребна далеку поголема грижа за нашиот јазик, за нашите стожерни културни институции, за нашите паметници, за виталните белези на нашиот идентитет.

Децениските оспорувања на нашиот идентитет, нè натераа да се свртиме повеќе кон заштитата и промоцијата на националното културно наследство. Меѓутоа, во транзицијата, за жал, надвладеа вулгарниот нео-либерален концепт на тотална комерцијализација и во сферата на културата што во суштина задуши многу креативни акции на умот“, рече Пендаровски.

Share
Scroll to Top