( Во живо) Повреден полицаец на протестите кај Бит-пазар

пред 3 години

Ескалираа протестите кај Бит-пазар, по судирите со полицијата. Демонстрантите фрлаат со камења и пластични шишиња кон полицискиот кордон.

Во судирите, повреден е еден полицаец.

Десетици демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички се обидоа да ги повредат. Лицата со фантомки се во првиот ред на собраните граѓани кои протестираат поради казните изречени во случајот „Монструм“.

Организаторите стоеја на страна и гледаа. Потоа, молеа да престанат со насилство и да се повлечат. Но, по краток период, лицата со фантомки повторно се обидоа да удрат по полицајците. Такви се десетици присутни, кои во континутитет маваат по полицајците.

На протестот се носат плакати со ликовите на обвинителите Вилма Русковска, Фатиме Фетаи, Љубомир Јовески. Се протестира со албански и американски знамиња.

Share
Scroll to Top