Во Кисела Вода поставена првата мерна станица за квалитет на воздухот

пред 2 години

Преку заедничка соработка на oпштина Кисела Вода и Град Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.

Како што информираат локалните власти, мерната станица за квалитет на воздухот е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на култура.

„Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути. Мерачот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб-страници на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје“, се наведува во соопштението.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во наредниот период вакви мерни станици ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината.

Share
Scroll to Top