Во Кичево приведен дилер на кокаин кој се барал и поради насилства, во домот чувал списоци на должници

пред 2 години

Полицијата приведе кичевчанец кој продавал кокаин, а властите го барале и за извршени насилства.

Станува збор за маж со иницијали Е.П. во чијшто дом полицијата вчера пронашла кокаин, четири ваги, пари, списоци на должници кои купувале дрога од него и неговиот татко А.П.

„При претресот во домот на Е.П. полициските службеници биле попречувани од Н.П. за што ќе следува соодветна кривична пријава по чл. 382 и 368 од КЗ. Против Е.П. и А.П. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 215 од КЗ“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top