Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

пред 5 часа

Во Кочани денеска ќе се одржи 45-тиот Марш за ангелите.

Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“.

Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата.

Според нив, маршот претставува чин на сеќавање и почит, но и повик за одговорност, вистина и правда.

„Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“, порачуваат организаторите.

Текстот Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top