По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот беше реализиран во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден, пришто присутни беа огромен број на верници.
Во традиционалното фаќање на светиот крст, учествуваа вкупно 70 учесници, меѓу кои најсреќен беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст. Чинот го водеше епископ дељадровско-илинденски Јоаким.
На добитникот му беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.
Текстот Во општина Илинден светиот крст го фати Марио Димитријевски е превземен од МАКФАКС.





