Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

пред 3 години

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел од капацитетите ќе биде наменет за вакцинирање на критичната инфраструктура, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека здравствените работници почнале да ги контактираат лицата со хронични болести за да бидат вакцинирани.

„Во однос на хронично болните се прават контакти. Се подготвуваат списоци. Врвен приоритет се лицата со трансплантации и оние кои одат на дијализа. Очекувам таа постапка да заврши викендов. Останатите ќе одат по систем на пријавување“, рече министерот Филипче.

Лицата со други хронични болести треба да се пријават на vakcinacija.mk и да чекаат термин согласно возрасните групи. Министерот Филипче вели дека во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел од капацитетите ќе биде наменет за вакцинирање на критичната инфраструктура, односно вработените во институциите неопходни за функционирање на државата.

Тој денес веќе извести дека термини за вакцинирање добиле сите министри оти Владата одлучила да се вакцинира веднаш по вакцинирањето на Собранието.

Вакцинацијата кај нас почна на 17 февруари со вакцинирање на здравствените работници од ковид – центрите. Доега се дадени 104.000 дози вакцини, а околу 24.000 граѓани веќе ги добиле двете дози од вакцината за заштита од Ковид – 19.

Share
Scroll to Top