Во Прилеп прегазен пешак

пред 3 години

Педесет и седумгодишен пешак во Прилеп се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил.

„На 05.03.2022 во 19.40 часот во Прилеп било пријавено дека на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и ул.„Спасе Темелкоски“ патничко моторно возило „форд фиеста“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(29) од Прилеп удрило во С.Б.(57) од Прилеп. Во Градска болница Прилеп на С.Б. и се констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Share
Scroll to Top