Во Скопје казнети 53 мотоциклисти

пред 3 години

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (11 мај) продолжи со засилени акциски контроли на територијата на Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа изречени биле вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење побрзо од дозволеното 27 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за нерегистрирани возила.

Изречени биле и девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила…

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top