ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата што го обезбедувала „Пулс“ – „Рубикон“?

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

пред 1 година

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, другите се стабилни.

„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца на Клиничкиот центар, на Пластична хирургија, еден пациент во ‘8 Септември’, во старата Градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти, од кои очекуваме денеска еден да биде пуштен дома. Од пациентите што се лекуваат во странство, само уште двајца се во критична состојба. Другите се на рехабилитација или чекаат оперативни зафати“, рече Таравари.

Министерот истакна дека во моментот има 57 пациенти на болничко лекување од вкупно 193 пациенти што беа хоспитализиарани по несреќата.

Сподели и една добра вест – пациентка што двапати била реанимирана, сега е во добра состојба и почнала да се движи.

Текстот Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top