Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 74 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 666 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни, а 10 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 76 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки.
Од министерството за здравство информираат дека во ковид центрите низ земјава во изминатите 24 часа се лекуваат вкупно 912 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 147 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 41, а во Струга 18 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од МЗ.
Според нивните анализи, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1577 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Од ресорното министерство потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.