Полицијата во Тетово за неколку часа казнила вкупно 175 возачи, од кои 120 поради брзо возење.
Акциската контрола била спроведена вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот, а од санкционираните 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 101 се на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје.
Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници, информира МВР.