Во товарен воз пронајдени мигранти од Авганистан и Пакистан

пред 4 години

Вработен во македонски железници вчера во полиција пријавил дека во контејнер од товарен воз видел 15 лица за кое се сомневал дека се мигранти.

Полициските служби информираат дека на 15.03 во 22.20 часот во полициската станица „Табановце-железнички“, во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција-Романија, биле пронајдени 15 лица-мигранти.

Полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан.

Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка, известуваат од МВР.

Share
Scroll to Top