Во третиот квартал повеќе умрени од родени

пред 3 години

Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5 141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12,9 отсто, а зголемен е бројот на разведените бракови за 8,5 отсто.

Share
Scroll to Top