Вработена во Клиничката болница – Штип била пријавена за физички напад, кој се случил во Здравствениот дом во Штип.
„На 27.11.2020, во 12.35 часот, во СВР Штип, А. Г. од Клиничката болница Штип пријавил дека околу 12.30 часот во службената просторија во Здравствениот дом во Штип бил физички нападнат од страна на С. П., вработена во Клиничката болница – Штип“, се вели во соопштението на МВР.
По комплетирање на случајот, против С. П. до надлежното Обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.